Профил на компанијата
Kliping е модерна компанија со долга традиција во областа на мониторингот на медиумите, медиумските анализи и професионалната поддршка за сите кои на кој било начин се занимаваат со медиумите. Со нашите партнери создадовме сеопфатна мрежа на услуги, барани од страна на сите видови на организации за ефикасно управување со медиумските информации.
Kliping e суштината на најсовременитe технолошки решенија во нашата професија. Опсежната и ефикасната WebKliping платформа е синоним за целиот спектар на услуги опфатени со вашиот работа со медиуми. Kliping MAP model значи дека можете да направите сé брзо, ефикасно и на едно место.
Kliping се луѓе, носители на знаење и креатори на иднината во областа на мониторингот на медиумите, анализите и планирањето. Секој ден, околу 100 соработници се стремат кон совршеност во нивната работа, затоа што имаме одговорност кон нашите партнери. Вашите желби се нашите упатства.
Ние ги надминуваме границите, размислуваме на глобално ниво, работиме на регионално ниво.
Јадрански регион
Kliping d.o.o. е најголемата словенечка компанија која е професионално вклучена во менаџмент на медиумски информации. Ограничувањата на домашниот пазар и можностите на поширокото географско подрачје доведоа до широка регионална интеграција. Со тоа MCA групацијата стана водечки сервис провајдер во земјите во Југоисточна Европа, со свои агенции во Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
FIBEP
Ние исто така го споделуваме нашето знаење и искуство во Интернационалната федерација за клипинг услуги – FIBEP. (International Federation of the Press Clipping Services) Оваа истакната компанија составена од глобални агенции негува високи професионални стандарди и гарантира дека нашите услуги се на највисоко ниво во речиси сите земји во светот.
AMEC
Интернационалната асоцијација за мерење и евалуација на комуникацијата (AMEC) (International Association for the Measurement and Evaluation of Communication) е синоним за високи стандарди и оригинални решенија на полето на мерење и вреднување на комуникациите. AMEC претставува важна референца за насоките на нашата професионална работа и развој, што е исто така потврдено од бројните успешни случаи и задоволни корисници.